Прекршен е договорот од Пржино

Објавено на 21 октомври, 2015 во 08:32

Четирите партии не постигнаа договор до полноќ, кога истекуваше рокот за избор за новите министри и заменици, јави ТВ Нова.

Договорот од Пржино предвидуваше крајниот рок за избор на министри за внатрешни работи и за труд и социјала предложени од СДСМ, нивни заменици од ВМРО ДПМНЕ и заменици од СДСМ во министерствата за финансии, земјоделство и информатичко општество да биде 20 октомври.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека новите министри треба да имаат ограничени овластувања, додека СДСМ велат со таквите опстукции се кочи работата на министерот во најавените истраги кои се најавени за индикациите кои произлегоа од прислушуваните разговори. 

Извори од СДСМ вчера потенцираа дека доколку не се постигне договор, сите опции се отворени. Не е исклучена можноста за нови политички бомби.

Извор: ТВ Нова

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.