Министерот Ибраимовски ќе биде пратеник
Објавено на 14 декември, 2017 во 11:24
Министерот без ресор задолжен за подобрување на состојбата на Ромите во Македонија, Самка Ибраимовски, најави дека ќе ја напушти министерската функција и оти ќе биде пратеник во Собранието, соопшти неговиот кабинет.
Оттаму наведуваат дека Ибраимовски денеска ќе потпише изјава во ДИК дека го прифаќа пратеничкото место. Тој на парламентарните избори беше кандидат на СДСМ и коалицијата во Петтата изборна единица.