Средба на Могерини со Премиерите од Западен Балкан

Објавено на 18 декември, 2017 во 08:28

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска во Брисел ќе се сретне со претседателите на владите на шесте држави од Западен Балкан.
Како што соопшти прес-службата на високата европска претставничка, предвидено е Могерини да организира работна вечера со премиерите на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора, на која ќе присуствува и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан

Целта на оваа нова средба на високата претставничка на ЕУ во форматот „западнобалканска шесторка“ на највисоко ниво, е зајакнување на соработката и размена на мислења за регионални теми, се наведува во соопштението.

Според најавите, се очекува европските претставници и премиерите од Западен Балкан да разговараат за европските перспективи на регионот и регионалната соработка.

Предвидено е пред вечерата Могерини да има и билатерални средби со некои од западнобалканските премиери.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.