Заев и отвора пат и место во реформските процеси

Објавено на 27 декември, 2017 во 10:18

Премиерот Зоран Заев, се сретна со Христијан Мицкоски, новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а средбата, како што информираат од владината прес-служба се реализираше низ во седиштето на Владата на РМ , конструктивен дијалог, иако за некои од темите се изразени различни мислења и ставови на двајцата соговорници.

Премиерот Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, се согласија дека е потребно учество на опозицијата во реформските процеси.
Заеднички е констатирано и дека патот на Македонија е во ЕУ и во НАТО и за тоа е потребен ангажман од сите политички субјекти, како на власта, така и на опозицијата.

Локално.мк потсетуваме дека наследниокот на Груевски, Мицковски беше избран за Конгрес пред неколку дена, каде што беше единствениот кандидат, а Груевски сега е само почесен лидер. Поранешниот генерален секретар веднаш објави дека нема намера да биде ничија марионета каок нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицковски беше единствениот кандидат за функцијата , а противниците кои бараа одложување на конгресот и демократски избор со повеќе кандидати, не присуствуваа на конгресот, а еден од против кандидатите , Илија Димовски, експресно е сменет и не е повеќе координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Извор: Локално.мк

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.