Борисов го поздрави ратификувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка

Објавено на 15 јануари, 2018 во 16:18

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов го поздрави ратификувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија кој денеска беше одобрен во македонското Собрание.

Борисов се обрати преку својот фејсбук-профил од Азербејџан, каде што е во официјална посета.

„Го поздравувам парламентот на Република Македонија, кој денеска го ратификуваше Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Со тоа покажаа дека желбата да изградиме модерни, европски односи на пријателство и доверба е заедничка“, напиша бугарскиот премиер.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.