Касими: Без да се исполнат барањата на Беса нема глас за уставните промени
Објавено на 10 јануари, 2019 во 10:41
Bо вечерашното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 Биљал Касами рече дека доколку не се исполнат барањата кои ги има Беса нема да дадат зелено светло на уставните промени.
Условите на Беса се да нема македонско државјанство кај Албанците, да нема заштита само за македонската дијаспора, туку заштита на дијаспората на Македонија.
Вчера започна третата фаза од уставните промени, седницата беше првично закажана за 12 часот, па поради формално-правни работи околу оставката на пратеник, се одложи за 16 часот, па по резимето на премиерот Заев повторно беше прекината седница за денеска во 13 часот.