Османи има амбиции но, нема години за Претседател
Објавено на 10 јануари, 2019 во 11:18
Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, е едно од имињата кои се вртеа во јавноста како можен консензуален кандидат на владејачката коалиција за претстојните претседателски избори, пишува Плусинфо
Меѓутоа, Османи со сигурност нема да биде кандидат бидејќи не ги исполнува условите односно нема 40 години.
„За претседател на Републиката може да биде избрано лице кое на денот на изборите наполнило најмалку 40 години живот“, пишува во членот 80 од Уставот на Република Макеонија.
Вицепремиерот е роден на 11 септември 1979 година што значи дека до денот на изборите кои, според Устав, треба да се одржат во последните 60 дена од мандатот на Ѓорге Иванов односно во март или април 2019, тој ќе нема наполнето 40 години.
Извор: Пчусинфо