ДУИ нема да го поддржи Иванов за втор претседателски мандат

Објавено на 23 декември, 2013 во 16:22

ДУИ нема да го поддржи Ѓорге Иванов за втор претседателски мандат, изјави Неџати Јакупи. Тој рече дека Иванов не ги исполни очекувањата на Албанците и нагласи дека ДУИ не поддржува ваков концепт за избор на претседател, туку ќе инсистира на консезуален избор на шефот на државата. Според опозицискиот блок на СДСМ, говорот на Иванов беше под секое ниво за таква функција, „слика без тон“, говор во кој не се регистрираат вистинските проблеми и на државата и во државата.  Позитивна критика Иванов доби единствено од ВМРО-ДПМНЕ.

Со своето неприсуство на обраќањето, партиите на Албанците во Македонија му упатија порака на претседателот на државата Иванов дека нема да го поддржат доколку се кандидира за уште еден мандат. Време е во Македонија да се избере консензуален претседател кој ќе биде прифатлив за сите етнички заедници, вели Неџати Јакупи од ДУИ.

Дека треба да се избере претседател по пат на консензус ијзави и Наџи Џелили од НДП.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Иванов во последните пет години достојно ја извршувал функцијата. Го оквалификува како чесен и морален политичар . Неприсуството на министрите од ДУИ и на пратениците од партиите на Албанците не е позитивен сигнал, вели Милошоски.

Опозицијата од македонскиот политички блок не сакаше да го коментира бојкотот на говорот  на Иванов. Само дадоа оценки на неговото обраќање. Игор Ивановски оцени дека станува збор за „слика без тон“.

Иако остануваат уште три месеци до претстојните претседтаелски избори досега се уште не се познати кандидатите на најголемите политички партии во државата.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.