Граѓаните на Центар задоволни од работата на градоначалникот Андреј Жерновски

Објавено на 27 декември, 2013 во 16:15

Ова го покажала телефонската анкета на агенцијата Рејтинг спроведена од 20 до 23 декември, преку која биле испитани 850 граѓани, од кои 58,7% позитивно ја оцениле работата на актуелниот прв човек на Центар, а 29,7 рекле дека се незадоволни од работењето, пренесе 24 Вести.

Ревизијата на проектот Скопје 2014 која беше едно од клучните ветувања на Жерновски во изборната кампања ја одобриле 60,6% од анкетираните, а 20,7 отсто не ја одобруваат истата.

44,7 отсто од анкетираните сметаат дека при реализација на проектот и јавните набавки за спомениците во Центар имало злоупотреба на надлежностите, а сличен процент од 44,5 отсто сметаат дека апсењето на претседавачот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ е направено за да се блокира работата на општината -покажала анкетата на Рејтинг.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.