Консензуален кандидат или предвремени парламентарни избори

Објавено на 3 февруари, 2014 во 16:44

Консензуален кандидат за претстојните претседателски избори или предвремени парламентарни, и понатаму е услов од ДУИ, но сега како петта алтернатива доколку не се постигне договор со ВМРО-ДПМНЕ за консензуален кандидат, јави 24 Вести. Кои се другите алтернативи, партискиот портопарол Бујар Османи не кажа.

Досега за консензуален кандидат од ДУИ разговарале само со ВМРО-ДПМНЕ, но сеуште не добиле конкретен одговор, па затоа се надеваат дека се уште постои можност за тоа.

Со другите партии не разговарале. Кога ќе расчистат со своите позиции, Османи не кажа. Само повтори дека консензуалниот кандидат не е ултиматум, туку сериозен концепт на чие остварување работи партијата.

Ставовите на ДУИ за можни предвремени избори, го натераа и премиерот деновиве да изјави дека иако тој не е за избори, ставовите на Ахмети и во неговата партија ја наметнале оваа тема за дебата.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.