ВМРО ДПМНЕ го обвини Манчевски од СДСМ дека крадел од јавни набавки – тој експресно реагираше: Не сум присвоил ништо нелегално

Објавено на 11 февруари, 2014 во 08:18

Продолжуваат нападите со објавување на финансиски скандали од страна на  најголемите политичките партии, на власт и во опозиција. ВМРО – ДПМНЕ, откри, како што рече, Илија Димовски сомнителен и корупциски скандал во кој директно е вклучен потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски и градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, јави АлсатМ.

Брза беше и реакцијата на Манчевски. Според него, реакцијата на ВМРО –ДПМНЕ не држи бидејќи партијата на Груевски веќе осум години е на власт и доколку имало неправилности, како што велат, институциите ќе дејствувале.

Инаку, веќе еден месец продолжуваат судирите, односно откривањето на финансиски скандали меѓу партијата на Груевски и Заев. Се започна со откривањето на скандалот од страна на најголемата опозициска партија во земјава, која го разоткри случајот со милионскиот тендер на новинарката на Сител Ивона Талевска.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.