(ВИДЕО) Шилегов: Кој е владиниот функционер вмешан во случајот „Актор“?

Објавено на 13 март, 2014 во 15:53

Бегање од одговорност повеќе нема. Управата за финансиско разузнавање го призна мега скандалот АКТОР, што го обелодени СДСМ, во којшто се инволвирани Владата на Груевски, фирмата АКТОР АДГ Грција – Подружница Скопје и државјани на јужениот сосед, Грција, jави А1.он. Отворена била истрага за одлевањата кеш пари во Македонија преку грчки државјани. Дури 3.500.000 евра во изминатите 10 месеци, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

По шест дневниот молк, вели тој, под притисок на аргументите, Управата за финансиско разузнавање вчера мораше да го признае случајот. Денеска Јавниот обвинител соопшти дека покренал преткривична постапка.

Чекајте, нели ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека проектот Демир Капија – Смоквица се одвива законски?

Нели партијата на Груевски убедуваше дека сите надлежни институции ги постапуваат согласно законите во Македонија и меѓународните стандарди за користењето европски пари?
Ете се огласи најповиканата институција, Управата за финансиско разузнавање, раководена од кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Истрага била отворена, додаде Шилегов.

Прашањата што сега треба да ги објаснат надлежните во Управата се:

-Кој наложил стопирање на истрагата и зошто Управата задолжена за спречување перење пари подлегнала на притисоците? Според нашите информации тие биле по налог од врвот на македонската Влада?

-Ако СДСМ не го обелоденеше случајот, дали оваа институција задолжена за спречување перење пари воопшто ќе проговореше?

-Дали до крајот на проектот на овој начин во нечиј или нечии џебови во Македонија требаше да завршат 30 милиони евра кеш?

Не постапувањето на Управата за финансиско разузнавање досега резултира со извлечени 3.500.000 евра кеш пари во Македонија.

Преку поединечни трансакции е повлекувана готовина во висина од 20.000 до над 120.000 евра!

Според законот, доколку се подигне и денар повеќе од 920.600-тини денари, или сума повисока 15.000 евра, банката во којашто е тоа направено е должна да го пријави случајот во Управата за финансиско разузнавање, а таа веднаш да го испита случајот. Офицерите на Стопанска банка Скопје, филијала Неготино тоа го направиле.

Од 13 март 2013-та година се реализирани милионски трансакции. Зошто Управата досега молчела?

Второ, пари во кеш завршувале кај едно лице. Тоа е сметководителката Атина Зиога. Од Царината има потврда дека овие пари, подигнати од грчките државјани не се изнесени од Македонија.

Каде завршиле 3.500.000 евра?

Управата за финансиско разузнавање била должна, според законот, за секоја сума кеш што завршила во рацете на сметководителката на грчката фирма, Зиога, во рок од 6 месеци да го испита движењето на парите.

Каде или кај кого отишле парите во кеш дадени на Атина Зиога?

Не е доволна најавата на Јавниот обвинител за блокада на имотите на две фирми. Јавниот обвинител во оваа постапка треба да утврди дали и кој од носителите на високи политички и владини функции бил и е директно инволвиран во случајот од моментот на доделување на тендерот до моментот на неговото обелоденување од страна на СДСМ.

Ако Јавниот обвинител не ги утврди овие факти и сомнежи, СДСМ веднаш по преземањето на власта за овој невиден мега скандал ќе покрене кривична одговорност.

{youtube}https://www.youtube.com/watch?v=f553DCdok6k{/youtube}

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.