Тушева: МВР ја крие сообраќајката што ја предизвика Борче Стамов
Власта на ВМРО-ДПМНЕ е закана по животот на граѓаните во буквална смисла на зборот. Последна потврда за ова е сообраќајната несреќа во која учествуваше градоначалникот на Дојран од ВМРО-ДПМНЕ, Борче Стамов. Шокантни се кажувањата на очевидци дека тој дури и ја предизивикал несреќата, со сериозни последици за останатите учесници. Уште пошокантен е обидот за забоштување на овој настан од страна на институциите предводени токму од ВМРО-ДПМНЕ. МВР се обидува да ја сокрие сообраќајната несреќа на Стамов за која според одредени информации ја предизвикал со службено возило, изјави денеска Маринела Тушева, портпарол на кампањата на СДСМ.
Таа јавно праша зошто МВР, во јавно достапните дневни билтени, го нема објавено овој настан.
– Дивеењето на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ го прикриваат институциите на ВМРО-ДПМНЕ. Скандалозно и недозволиво. Јавноста многу добро ја памети сообраќајната несреќа на градоначалникот на Старо Нагоричане, Милорад Јовановиќ, во која беше усмртен пешак а тој наместо да му помогне побегна од местото на настанот.
Кога МВР не може да сокрие нешто тука се останатите институции под капата на ВМРО-ДПМНЕ. Милорад Јовановиќ, за она што го направи доби само 15 месеци затворска казна. Бараме, МВР да постапува согласно законот и целосно да го расчисти случајот со сообраќајката на Борче Стамов. Во името на владеењето на правото и најсветата работа, животот на граѓаните на Македонија, а не според партискиот интерес на ВМРО-ДПМНЕ – вели Тушева