За ДУИ се спорни 453 гласачи пријавени во амбасадата во Тирана
За ДУИ се спорни 453 гласачи кои се пријавени да гласаат во амбасадата на Република Македонија во Тирана, Албанија, пренесе Телма. Според податоците од Избирачкиот список, повеќе од овие гласачи имаат иста адреса на живеалиште во општините Центар, Кичево и Ресен, вели генералниот секретар на ДУИ, Абулаќим Адеми.
– Врз основа на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето се вели дека: се смета дека граѓанинот има обезбедено стан за живеење, ако тој или член на неговото семејство има вселив стан по основ на сопственост или договор за закуп во согласност со законот, значи горенаведените лица немат обезбедено ниту имот ниту немат договор за домување, затоа тие се пријавени спротивно на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето, рече Адеми на прес-конференција.
За ваквото кршење на законот велат од партијата, имаат поднесено приговор до Државната Изборна Комисија.
Адеми изјави дека овие гласачи немаат обезбедено ниту имот, а немаат ниту договор за закуп, што е спротивно на законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште.
Од ДУИ апелираат државните институции да ги разгледаат и други евентуални случаи на неосновано пријавување гласачи за претстојните избори