Основен суд Скопје 1: Протестите за Шиповиќ се незаконски

Објавено на 3 јануари, 2014 во 15:29

Барањето за ослободување од притвор на Мирослав Шиповиќ преку јавен протест е незаконско и нелегитимно, реагира Основен суд Скопје еден на протестот што денеска беше организиран пред Судот.

Не се точни наводите на лицата од протестот дека Шиповиќ самоииницијативно се вратил во Македонија, бидејќи тој е спроведен во постапка за екстрадиција, а по издадена потерница од Основниот суд Скопје еден.

Не се точни, вели судот во сооштението до јавноста ниту тврдењата дека раководството на СДСМ понудило по форма и содржина сопствен имот како дополнителна гаранција обвинетиот да се брани од слобода, бидејќи такви гаранции не се доставени на одлучување во овој Суд.

Судот, пишува во соопштението до медиумите, ги отфрла сите наводи за одолговлекување и долго траење на постапката и обвинувањата дека Шиповиќ и останатите соработници се политички затвореници.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.