Тито Петковски се извини поради коалицирањето со Груевски
На Третиот конгрес кој го одржа НСДП,Тито Петковски е повторно избран за лидер на партијата, а без избрани и нови 86 членови на Централниот и 9 членови на Надзорниот одбор.
Како што пренесе Телма, Петковски на почетокот на новиот мандат,опишувајќи го општествениот и политикчи амбиент во државата, упати серија критики кон актуелната власт,обвинувајки ја дека посеала трајна омраза мегу Македонците и недоверба на луѓето кон самите себе. Македонија, рече тој, живее минато во модерна верзија и со право некои се прашуваат дали во ова лудило од минатото може да ни се случи иднина. Петковски го критикуваше и проектот „Скопје 2014“.
Јасно е зошто барокот е привлечен за властодршците рече тој,минатото да ни се прикажува како сегаѓност и иднина, кичот да ни се продава како уметност, глупоста за мудрост, алчноста за морал, одмаздата како правда, а декаденцијата за патриотизам.
Петковски рече дека основната цел на барокот е да се заслепат следбениците со визуелен раскош, да имаат полни очи и да не мислат на празните џебови и стомаци. Ваквите искривени вредности додаде Петковски, сериозно го загрозуваат менталното здравје на нацијата.
На крајот на речиси 30-минутниот говор,Петковски врз себе зеде и дел од одговорноста за, какошто рече, доаѓањето на Никола Груевски на македонската политичка сцена.
– Мислев дека Груевски ќе направи добро за македонската економија, но ниту на сон не помислив дека државата ќе ја води во ваков правец, затоа се извинувам, рече Петковски.