Волерс: За бојкотот на изборите решаваат партиите и гласачите

Објавено на 13 февруари, 2014 во 15:20

Амбасадорот на САД во Република Македонија Пол Волерс смета дека бојкотот на претседателските избори, што го побараа некои невладини организации од албанските политички партии во земјава е прашање за кое решаваат самите партии и гласачите.

На новинарско прашање на оваа тема амбасадорот Волерс по посетата на општина Врапчиште кусо изјави: „денес нема да дискутирам за внатрешната политика. Тоа е прашање за кое што ќе одлучуваат гласачите во Македонија и политичките партии“.

Тој при неговата посета на општина Врапчиште денеска беше примен од градоначалникот Бајрам Кадрија. На средбата дискутирале за актуелните состојби, децентрализацијата и можностите да се поддржат некои проекти кои би биле од корист на жителите во оваа полошка општина.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.