Жерновски: Владата на сите начини ја блокира општина Центар

Објавено на 3 јануари, 2014 во 15:18

Истрагата е завршена, нема опасност да се влијае врз сведоците и не може да се повтори делото со што се создадени сите услови претседателот на Советот на општината Центар Мирослав Шиповиќ да се ослободи од притвор, истакна денеска пред Кривичниот суд градоначалникот на општината Андреј Жерновски. Доколку не се донесе ослободителна одлука нема друг заклучок освен дека политиката има вмешано прсти во овој случај, а Советот на општината и понатаму ќе остане блокиран вели Жерновски.

Телма пренесе дека случајот со времено вработените лица во општината на кои им истекоа договорите и кои од вчера останаа без работа поради одземање на лиценцата на агенцијата за привремени вработувања, според градоначалникот на Центар, е уште еден доказ за тоа какви притисоци врши владата. На овој начин може да се види каква е демократијата во државата смета тој.

Од вчера Жерновски остана без својот кабинет – 32 лица, меѓу кои и секретарката, раководители и помошници раководители на сектори, не можат да ја обавуваат својата работа. На улица останаа  и лица задолжени за просторно уредување и планирање, осветлување и зеленило, вработени од претходното раководство, но и хигиеничарките и лицето одговорно за народната кујна во Маџир Маало.

Овие случувања нема да не обесхрабрат и ние ќе продолжиме да работиме за да ги реализираме сите проекти кои сме ги ветиле, вели Жерновски.

Фото: Утрински весник

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.