Поповски: Медитерански влажен бран доаѓа во Македонија, носи пообилни дождови

Објавено на 15 октомври, 2025 во 08:53

„Под влијание на поголем влажен воздушен бран од Медитеранот, од ноќва, среда,15 до петок, 17 октомври, во Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои локално и повремено ќе бидат пообилни. Во  овој период локално ќе наврне позначително количество на воден талог, над 20 литри на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец.

Температурите повторно ќе бидат во опаѓање, особено максималните дневни температури на воздухот, кои  ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени. Во Скопје максимумот на температурата ќе се искачува до околу 13 степени.

Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период ќе има повремени врнежи од дожд со умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Поради продорот на поладен воздух од североисток и од исток, на највисоките планински врвови, над 2000 метри надморска висина, ќе има услови за повремен снег,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.