Посмртнината е времено намалена, во јули ќе им бидат вратени 5.000 денари на семејствата
Привремено е намалувањето на посмртната помош за пензионерите од 30 на 25 илјади денари е, а петте илјади дополнително ќе се исплатат на семејствата на починатите од јулската пензија, велат од Сојузот на пензионери.
Од Министерството за труд и социјална политика велат дека намалувањето на висината на посмртната помош на 25.000 денари е извршено со Одлука на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија.
-Во врска со дезинформациите дека намалувањето на висината на посмртната помош е направено за да може со тие средства да се покачат пензиите, Министерството за труд и социјална политика, информира дека, намалувањето на висината на посмртната помош на 25.000 денари е извршено со Одлука на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија.Начинот на финансирање, начинот на распределба на средствата со кои располагаат здруженијата на пензионери се уредува со акти кои се донесени од органите на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Северна Македонија и не се никаква одлука на Владата или пак Владата влијаела на ова.Министерството за труд и социјална политика, нема надлежност во однос на условите за членување во здружение на пензионери, финансирање, начинот на распределба на средствата и контрола во финансиското работење на здруженијата на пензионери.Пензиите се покачени како што беше објавено од Буџет со кој располага ПИОМ без кратење од други ставки од било каде во буџетот на државата, посочуваат од министерството.
Оттаму додаваат дека Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија е институција која само е сервис на корисниците на пензија, кој врши задршка на утврдениот износ на средства од страна на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Северна Македонија и врши исплата на средства од посебниот фонд.
Партијата на пензионерите ја осуди одлуката за скратената посмртнина
Партијата на пензионерите се придружува кон јавно искажаните негодувања и осуди упатени кон Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија (СЗПМ), кој во својство на единствен претставник на регистрираната организација на сојузите на здруженијата на пензионерите на Македонија донесе одлуки за зголемување на износот на членарината, а истовремено намалување на износот за исплата на посмртната помош на корисниците на пензија од средствата на солидарниот фонд.
Од тука велат дека одлуката да се намали износот на висината на средтсвата што се исплаќаат како посмртна помош од солидарниот фонд е донесена исклучиво и само преку органите на СЗПМ. Во неа нема никакво учество Партијата на пензионерите, ФПИОСМ, ниту друг орган или институција на Владата.
Партијата на пензионерите ги упати сите заинтересирани да побараат одговори и да го искажуваат своето незадоволство исклучиво кон раководствата и органите на СЗПМ или здруженијата на пензионерите кои учествувале со подршка при нивното носење.
Од Сојузот на пензионерите претходно денеска порачаа дека намалувањето на посмртната помош за пензионерите од 30 на 25 илјади денари е привремена одлука.