Пратениците не се откажуваат од патните трошоци

Објавено на 12 февруари, 2025 во 14:59

Избраниците во народното Собрание тешко се откажуваат од привилегиите. Ниту овој парламентарен состав не ја поддржа иницијативата за кратење на патните трошоци и покрај реакциите во јавноста за високите суми кои се исплаѓаат од буџетот за оваа намена.

Пратениците не ја изгласаа иницијативата што ја поднесе Левица за намалување на износот на патните трошоци. Реагираше лидерот на партијата и пратеник, Димитар Апасиев, кој на Фејсбук на колегите им ги честиташе новите милиони евра.

Апасиев посочи дека во изминатите 14 години за патни трошоци на пратениците биле потрошени 7,16 милиони евра.

Според сегашната манипулативна методологија, за секои извозени 100 km пратениците наплаќаат по околу 1.700 денари на име “ПАТНИ ТРОШОЦИ” + патарини. Левица предложи овој трошок да се намали на 6,5 литри гориво на поминати 100 km, што би било околу 500 денари.
Предлогот не помина.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.