Приведен битолчанец за прикажување порнографски материјал на малолетничка
Објавено на 11 октомври, 2022 во 14:01
Рано утринава, во 00.05 часот, во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.К.(34) од Битола. Тој се сомничи дека завчера, околу 13.30 часот, во Битола, прикажал порнографски материјал од својот мобилен телефон на малолетничка.
Полициските службеници при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронашле и одзеле предмети поврзани со кривичното дело.
Осомничениот бил приведен во полициска станица и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.