Приведена малолетничка, во нејзиниот ученички ранец пронајдена марихуана

Објавено на 10 ноември, 2023 во 13:17

Министерство за внатрешни работи соопшти дека вчера, на 09 ноември, во 18.30 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода е лишена од слобода 17-годишна малолетничка, кај која при преглед во ученички ранец, извршен во двор на основно училиште на подрачјето на Кисела Вода, пронајдена е и одземена марихуана.

-Во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетничка деликвенција со неа е извршен службен разговор во полициска станица, во која таа го појаснила делото. Малолетничката е предадена на родителот, за случајот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок, пишува во дневниот билтен на МВР.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.