Променливо облачно и студено, температурата под просекот за овој период од годината
Објавено на 9 март, 2022 во 09:23
Времето денеска променливо облачно и студено со умерен, а вдолж Поварадрието повремено засилен ветер од северен правец.
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и студено време, утре со повремени локални врнежи од снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината.
Во следните денови температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината.