Променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд
Објавено: 28 март, 2022, во 09:37 часот
Времето денеска променливо облачно, попладне во западните и југозападните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време, денес попладне во западните и југозападните делови со слаби локални врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи се очекуваат од четврток до сабота кога ќе дува и засилен до силен ветер од јужен правец.


