Променливо облачно време со сончеви периоди

Објавено на 14 февруари, 2022 во 09:08

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Во планинските предели ќе има услови за сосема слабо и локално провејување на снег. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 12 степени.

Потоа и во следните денови времето кај нас ќе се задржи променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Особено во среда ќе има услови и за повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Што се однесува до температурите, минималните ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

Поголем пораст на максималните температури се очекува од четврток, кога ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината и истите тогаш ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.