Пронајден починат велешанец во својот дом
Објавено на 3 јануари, 2022 во 11:20
Седумдесет и едно годишниот Ј.А од Велес, вчера, дома бил пронајден мртов. Телото на починатиот маж, во 12:30 часот го пронашле полициски службеници во стан на ул.„Христо Татарчев“ во Велес.
Била повикана екипа на Итна помош. Лекар констатирал дека немало траги на насилство на телото на починатиот маж. Во домот на Ј.А имало лекови, препишана терапија што тој ја користел. Полициска екипа извршила увид.
Јавен обвинител за подррачје на Велес издал наредба за обдукција на починатиот. Според последните информации, телото на Ј.А денеска е пренесено во Институтот за судска медицина во Скопје. По извршената обдукација ќе може со сигурност да се констатира причината на смртта.
Починатиот велешанец живеел сам.
Убавка Јаневска