Први мај неработен ден за сите граѓани
Објавено на 27 април, 2023 во 13:35

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 1 мај 2023 година, понеделник, Ден на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Северна Македонија им го честита Денот на трудот.
Дума.мк
