Рестораните и кафеаните од утре ќе можат да служат и во затворените простории

Објавено на 30 јуни, 2021 во 09:45

Владата донесе одлука од 1 јули да се дозволи редовна работа и во затворените простории на угостителските објекти. Претходно во текот на денот, беше објавено дека е донесена одлука од 1 јули да се организираат свадби и во затворен простор.

-Прослави и свадби со исполнетост до 40% од капацитетот на објектите, но не повеќе од 250 гости, со строга примена на протоколи за работа на овие објекти. Оваа одлука не се однесува на затворените простори на дискотеките, кабареата и клубовите за кои и натаму не е дозволена работа и посета на гости, стои во објавата на владината прес-служба.

Овие препораки следуваат по жалбите на сопствениците на затворените ресторани, кои истакнаа дека се дискриминирани поради тоа што организирањето на свадби е дозволено само во рестораните со тераси или отворен простор.

Оваа одлука не ги опфаќа затворените простори на дискотеките, кабареата и клубовите за кои и натаму не е дозволена работа и посета на гости.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.