Се испразнија 18 училишта во Скопје поради дојави за бомби – надлежните на терен

Објавено на 9 февруари, 2023 во 16:08

18 средни и основни училишта на подрачјето на Скопје брзо се испразнија околу 13.30 часот, откако на електронските адреси на истите стигнале дојави за бомби. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, проверките се уште траат, а веднаш по добиената пријава училиштата биле евакуирани.

„Денеска (09.02.2023) до 13.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на 18 основни и средни училишта на подрачјето на Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР во писмен допис до медиумите.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.