СЕММ ги додели годишните новинарски награди за медиумски производи за климатските промени – одбележан 3 Мај – Светски ден на слободата на медиумите
Објавено: 30 април, 2026, во 16:20 часот
Годишните награди, кои ги додели Советот за етика во медиумите во Македонија, за најдобри новинарски приказни на тема „Факти и дезинформации за климатските промени“, денеска им беа доделени на седум новинари од различни медиуми во земјава.
Првата награда ја освои новинарот Михаил Милошески, од „360 Степени“, за текстот насловен: „Како Македонија ќе се откаже од јагленот без да изгуби енергетската „
Новинарите Александар Методијев и Сузана Мицева ја добија втората награда за видео-приказната „Нелегални патишта за ѓубре“, објавена на порталот Нота.мк.
Третата награда to беше доделена на новинарката Валентина Вурмо за текстот насловен „Дали не труе, покрај нашето ѓубре, „, објавено на страниците на списанието „Вошки против вошки“.

На церемонијата одржана во Europe House, во просториите на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, беа доделени и признанија за посебен новинарски придонес, и тоа на Иван Кузмановски, Фисник Џелили и Александар Манасиевски.
Годишните награди на СЕММ се дел од активностите во рамки на проектот „Градење медиумска доверба во Југоисточна Европа: поддршка за новинарството како јавно добро“, поддржан од УНЕСКО и финансиран од Европската Унија.
Трета година по ред повикот за награди на СЕММ е поврзан со човековата околина, во обид да поттикнеме поголема медиумска застапеност на проблемите со загадувањето на воздухот, водата и почвата, барањето решенија за нив, како и разобличувањето на дезинформациите поврзани со овие теми.
Истовремено, со доделувањето награди за најдобрите новинарски стории, СЕММ го одбележи Светскиот ден на слободата на медиумите, 3 Мај, залагајќи се за храбро, професионално и одговорно новинарство, во секое време и за сите прашања од јавен интерес.
Дума.мк



