Шолц го поддржува влезот на Хрватска, Бугарија и Романија во шенген зоната
Објавено на 29 август, 2022 во 14:40
Земјите-членки на Европската унија, Хрватска, Романија и Бугарија ги исполнуваат условите за да станат полноправни членки на шенген зоната на блокот без пасоши, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц, пренесува Ројтерс.
„Шенгенот е едно од најголемите достигнувања на Европската унија, и ние треба да го заштитиме и развиваме. Тоа, патем, значи затворање на преостанатите празнини“, рече тој од Прага.
„Хрватска, Романија и Бугарија ги исполнуваат сите технички услови за полноправно членство. Сакам да ги видам како полноправни членки“.