Силен земјотрес во Мексико

Објавено на 26 мај, 2022 во 09:58

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтер ја погоди мексиканската држава Оахака, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот се случил на длабочина од 57 километри, додава EMSC.

Мексиканската агенција за цивилна заштита соопшти дека е во контакт со локалните власти во Оахака со цел да се направи проценка на погодената област.

Земјотресот бил благо почувствуван и во главниот град Мексико Сити, а алармниот систем не бил активиран, објави на Твитер градоначалничката Клаудија Шајбаум.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.