Синот на Марина Туцаковиќ пронајден мртов
Објавено на 20 декември, 2022 во 15:06
Телото на Милан Радуловиќ Лаќа е пронајдено на сред улица, во Израел, а итната помош по пристигнувањето на местото на настанот констатирала смрт.
Трагичната вест ја потврди таткото на Лаќа, Александар Радуловиќ Фута, којшто изјави дека неговиот син бил пријавен за исчезнат, но дека отпосле му било соопштено дека е пронајден во Тел Авив.
-На 12.12 Лаќа беше пријавен како исчезнат во известувачкото одделение. Вчера добивме информација дека е пронајден на улица во Тел Авив, рече Радуловиќ.
Лаќа, е син на Фута и Марина Туцаковиќ, којашто почина минатата година, по долгогодишна борба со тешката болест.