Слаб снег провејува на Попова Шапка, појава на магла на Плетвар со видливост до 30м
Објавено на 13 декември, 2022 во 09:24
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка. Појава на магла на Плетвар со видливост од 20м. до 30м.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.