Славчо Поповски: Последната декада од месецов Метеоролошки многу занимлива – Дали не очекува снежен бран?!
Оваа недела можете да уживате во претежно стабилното и суво време. Метео деталите за оваа седмица веќе беа објавени од наша страна на страната Метеоаларм.
Што се однесува за последната декада од овој месец, таа изгледа ќе биде метеоролошки многу занимлива. Нумеричките модели и денес цртаат спуштање на ладен воздух од Арктикот кон нашите краишта.
„Токму ова ќе услови формирање на секундарен циклон над Медитеранот кој ќе донесе снежен бран во Македонија, но и значителни количества на снег.Доколку токму ова остане вака, лубителите на зимата и на снегот ќе си дојдат на своето. Ова особено ќе им дојде добро на оние кои се лубители на зимските спортови. Состојбата околу ова будно ја следиме. Понатаму следуваат нови и по потреба обновени метео информации, пишува на Метеоаларм синоптичарот Славчо Поповски.
Дума.мк