Сончево и многу топло време
Објавено на 25 јули, 2022 во 09:18
Времето денеска сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. УВ индексот ќе изнесува 9.
И во следните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури. Нестабилност на повеќе места со пороен дожд и грмежи се очекува во среда и четврток во попладневните часови.