Сончево и многу топло време
Објавено на 26 јули, 2022 во 09:15
Времето денеска сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. УВ индексот ќе изнесува 9.
До среда ќе се задржи многу топло време. Во среда попладне и во четврток во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град.