Сончево и многу топло време
Објавено на 20 јуни, 2022 во 09:12
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во следните денови ќе преовладува многу топло време со позначителен пораст на температурите. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен северозападен ветер. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во средината на седмицата.