Сончево и потопло со мала облачност
Објавено: 23 март, 2022, во 09:34 часот
Времето денеска сончево и малку потопло со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер повремено со брзина од над 60 км/ч и ќе биде најизразен вдолж Повардарието.
Во следните денови ќе преовладува сончево и се потопло време со мала до умерена локална облачност. На крајот на работната недела ветерот ќе премине од северен кон јужен и ќе има зголемување на облачноста.


