Сончево и топло со слаб ветер
Објавено на 17 октомври, 2022 во 09:13
Сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево време со студени утра и релативно топло преку денот. Утринската температура наместа ќе се спушта под нулата. Во четврток ќе дува засилен северен ветер а дневната температура ќе биде во опаѓање.