Сончево претпладне, пороен дожд и ветер попладне

Објавено на 22 мај, 2023 во 09:34

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со услови за појава на град, информираат од Уптравата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

Во следните денови продолжува периодот на променливо облачно и топло време, во попладневните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследено со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и со услови за изолирана појава на град.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.