Сончево, ветровито и релативно топло со мала до умерена локална облачност

Објавено на 5 ноември, 2021 во 09:50

Времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Претпладне вдолж Повардарието ќе има значителна ниска облачност, која попладне ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.

Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност. Ќе дува ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 22 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во претпладневните часови, особено вдолж Повардарието ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Од вторник ќе дува умерен северозападен ветер, што ќе предизвика опаѓање на температурите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.