Сончево време, попладне нестабилно со пороен дожд
Времето денеска сончево со променлива облачност и во западните делови со засилен северозападен ветер. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. УВ индексот ќе изнесува 8.
Утре во западните делови ќе дува засилен западен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и појава на град.
Во следните денови ќе се задржи многу топло време, особено во јужните делови од земјата. Нестабилно ќе биде и во сабота, а од недела се очекува постепено стабилизирање на времето.