Сончево време со мала до умерена облачност
Најстудено утрово е Берово со измерени два степена под нулата, а најтопло во Гевгелија со 9 степени во 7 часот, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Нула степени се измерени во Скопје – Петровец, 1 степен во Крива Паланка и Маврово, два во Крушево, Лазарополе, Куманово и Штип, 3 степени во Битола, Скопје – Зајчев Рид, Демир Капија, Попова Шапка и Прилеп, 4 во Виница и Струмица, 6 степени во Тетово, 7 во Охрид и Претор, 8 во Дојран.
Поголема облачност утрово се задржа на југозападот и особено на истокот од земјава, соопштува УХМР. Претежно во посеверните делови остана ведро, а утринава е сончево. На крајниот југоисток, во Гевгелија и Дојран, има појава на дожд. Некаде по котлините утрово има магла.
За денеска Управата прогнозира сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието. Во југоисточните делови ќе има зголемена ниска облачност и услови за појава на краткотраен дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.