Сончево време со ниски температури
Објавено на 4 октомври, 2022 во 09:18
Сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните од четврток ќе бидат во пораст. Денес ќе дува повремено засилен северен ветер вдолж Повардарието, а потоа слаб до умерен северен ветер.
Во следните денови утринските температури ќе бидат ниски и наместа ќе бидат околу нула степени, особено во среда и четврток.