Сончево време со умерена облачност
Објавено на 5 октомври, 2022 во 09:18
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните од четврток ќе бидат во пораст. За време на викендот по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
Во следните денови утринските температури ќе бидат ниски и наместа ќе бидат околу нула степени, особено утре и во четврток.