Денеска сончево, за време на викендот утринската температура под нулата
Објавено на 27 октомври, 2022 во 09:16
Времето денеска сончево со мала, а на истокот со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Продолжува периодот на стабилно време со слаб до повремено умерен северен ветер. До сабота дневната тепература ќе биде за два до три степени пониска, а утринската температура за време на викендот ќе се спушта под нулата.