Сообраќајот се одвива непречено по суви коловози
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Потсетување за возачите дека од 15 Ноември започнува законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2022 година.