Средба Петровска – Заков во Софија

Објавено на 20 мај, 2022 во 10:32
Фото: МИА

Бугарскиот министер за одбрана Драгомир Заков денеска ја пречека министерката за одбрана на Република Северна Македонија Славјанка Петровска.

Посетата на министерката Петровска на Софија, според бугарскиуте медиуми, е продолжение на контактите на високо ниво започнати на почетокот на годината во обид за нормализирање на односите меѓу двете земји во контекст на евроинтеграциите на Република Северна Македонија и ветото наметнато прво од Франција, а потоа и од Бугарија од 2020 година.

Македонското МО соопшти дека Петровска во Софија ќе се сретне со својот бугарски колега, министерот Драгомир Заков, а во бугарското Собрание ќе има средба и со раководството на парламентарната комисија за одбрана.

Таа ќе има средба и со двајца офицери на Армијата на Република Северна Македонија кои во моментов се на високо воено школување на Воена академија „Генерал Ѓорѓи С. Раковски” во Софија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.